Металург немоќен против фуриозниот Мешков во второто полувреме

Екипата на Металург тргна одлично во средбата против Мешков Брест, но ракометарите немаа сили за 60 минути исто темпо и на крајот капитулираа и претрпеа пораз со 29:41. Мешков Брест знаеше како да обезбеди висока предност во вториот дел од средбата и да се избори за нови бодови, па после 2. коло ситуацијата е различна.

После негативата од два гола, 2:4 „металурзите“ успеаја во продолжение брзо да се вратат и да се држат во нерешен резултат до 7:7. Тука дојде до продолжување на серијата која траеше до четири гола за 7:10. Оваа предност Металург ја стекна во 17. минута и на тој начин дојде до убаво продолжение на првото полувреме.

Сепак, не можеше да се држи истиот ритам, па домашните почнаа полека да се враќаат во ритам и да се борат за подобар резултат. Тоа донесе до ново израмнување во 23. минута на 12:12 и тука почна падот во играта на Металург.

До крајот на првиот дел, Мешков успеа да зголеми до два гола и да има 17:15 на полувреме.

Во вториот дел работите беа многу полоши. Се играше ефикасно во нападот, но во одбраната работите не функционираа. Лесно се примаа голови, па во 57. минута тимот на Мешков дојде првпат до двофицрена предност од 38:28.

Ова беше најава за висок пораз за Металург во меч во кој се знаеше дека Мешков е фаворит за победата. Затоа, пак, ова беше можност шанса на теренот да добија Стефан Додиќ, ракометар кој има 15 години и кој е голема надеж на клубот.

МЕШКОВ БРЕСТ – МЕТАЛУРГ   41:29 (17:15)

МЕШКОВ БРЕСТ: Мацкевич (9 одб., 1 сед.), Корсак (4 одб., 1 сед.), Јашчанка 1/1, Шкурински 8/10, Бачко 1/1, Јуринок 1/1, Потеко 4/4, Ивиќ 1/2, Баранау 2/2, Разгор 2/2, Обрановиќ 3/3, Дарафеј, Селвијаслук 3/3, Ѓукиќ 4/6, Ѓорѓиќ 7/8, Куран 4/6.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ: Томовски (3 одб., 1 сед.), Даниловски, Јагуриновски 1/1, Јагањац 6/11, Лазаревски 2/3, Димитриоски 4/5, Токиќ 4/6, Шилегов 4/7, Танкоски 2/6, Серафимов 2/4, Додиќ, Маџовски 2/3, Матијашиќ, Арсеновски 2/3.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 2 мин.