Металург и Спортинг се изнадаваа голови во првиот дел

Екипите на Металург и на Спортинг играат интересен натпревар во 7. коло од Лигата на шампионите, а после првото полувреме имаат постигнато 35 гола. Металург на одмор замина со минимална предност од 18:17. 

Во текот на целото полувреме металурзите се наоѓаат во предност, а Спортинг е во бркање на резултатот. Со оглед на тоа што некако повеќе се мислеше на противничкиот гол не е никакво изненадување што имаше толку голови.

Металург замина на одмор со предност од само еден гол откако во финишот гостите успеаја да реализираат и да намалат на 18:17. Инаку, најголемата предност беше четири погодоци и тоа при 8:4. Сепак, Спортинг покажа дека на овој дуел е дојден да се надигрува, па следува максимално интересно второ полувреме.

После првите 30 минути најефикасни во Металург се Димитриоски со четири и Лазаревски и Рибеиро со по три гола. Томовски забележа седум одбрани. Кај гостите по три гола имаат Валдез, Карол Марцо, Роча и Никчевиќ.