Металург и во новата сезона ќе има тим во Прва лига

Екипата на Металург во следната сезона ќе има две екипи во Супер машката лига откако вториот тим како првопласиран се врати во најсилната лига. Сепак, покрај втор состав ќе има и трет бидејќи во новата сезона ќе има и трет состав, кој ќе игра во прволигашка конкуренција.

Металург одлучи во Првата лига да игра со помладите ракометари за кои ова ќе биде прво вакво искуство.

Со ова прволигашката конкуренција се зголемува и добива уште еден нов клуб, а Металург го зголемува бројот на тимови кои се натпреваруваат меѓу сениорите.