Металург замина за Словенија, Пецаковски нема да игра против Горење

Ракометарите на Металург денеска во раните утрински часови заминаа за Словенија, каде ги очекува првиот натпревар од двомечот со екипата на Горење Велење во рамките на третото коло на ЕХФ Купот, последно пред групната фаза.

Металурзи со авион патуваа до Загреб, а од таму со автобус продолжија за Велење. Во составот на тимот од Автокоманда ќе се појави и новото засилување Велко Маркоски, но ќе го нема Дејан Пецаковски, кој заработи повреда на коленото.

Средбата ќе се одигра в сабота во „Рдеча дворана“, со капацитет од 2.500 места. Закажана е со почеток во 20:00 часот, а ќе ја судат Петер Хорват и Балаж Мартон од Унгарија,  додека делегат ќе биде Србинот Борис Вукашиновиќ.

Реваншот ќе се одигра во Скопје, во салата „Јане Сандански“, на 24 ноември, со почеток во 18:00 часот.