Металург донесе тим менаџер – за да го врати во СЕХА

Екипата на Металург во новата сезона ќе има нов тренер, а овој пат тој доаѓа од Србија. Се работи стратег кој ќе има улога на тим-менаџер и ќе има за цел да го врати клубот во СЕХА-лигата односно во битката за барем 2. позиција во домашното првенство.

Дамир Стојановиќ е тренерot кој во следната сезона ќе го предводи Металург. Тој ќе има задача, како шеф на стручниот штаб и главен тимменаџер, да направи селекција на играчите и на своите соработници во претстојниот период, до почнување на подготовките на Металург за следната сезона.

Новиот тренер на Металург својата ракометна кариера ја почнал во Земун од Белград, а продолжил во Студентски град и Обилиќ. Интернационални ангажмани имал во турските тимови Анкара и Чанкаја, а играл и во првенството на Македонија. Тој бил дел од тимот на Југ од Скопје, како и од Грачаница од БиХ. Својата тренерска кариера Стојановиќ ја почнал со младите категории во Земун, а потоа во 2014 година го имал својот прв интернационален предизвик со женската екипа на Патра. Една година подоцна го преземал тимот на Хапоел, а во Металург доаѓа од Вечеш од Унгарија.