Металург го подготви планот, надвор од Македонија ќе тренира за новата сезона

Ракометарите на Металург главниот дел од подготовките за новата сезона ќе ги одработи од август, а веќе е јасно дека тимот ќе има и турнири за загревање и подготовка за новиот шампионат. Според тоа веќе е е јасно и како ќе се одвиваат тренинзите.

Главниот дел од подготовките ќе биде одработен на планина, но ќе биде надвор од Македонија. Договорено е да се тренира на Копаоник, а металурзите ќе бидат таму од 13 до 20 август.

Ова ќе биде пратично подготовка и за турнирот во Русија на кој ќе се оди веднаш после одработените подготовки на Копаоник.

Допрва ќе се формира и тимот на Металург така што е јасно дека пред заминување на Копаоник се очекува да се има и комплетниот ростер.