Металург го декласира Прилеп, ќе игра во финалето на Купот

Ракометарките на Металург славеа над Прилеп со убедливи 43:15 во првиот полуфинален натпревар од завршниот турнир во Купот на Македонија и се пласираа во финалето, каде извесно ќе го чекаат Вардар.

И пред стартот на средбата немаше дилеми кој ќе слави, а водството на организаторот на овој завшен турнир во женскиот Куп, константно до крајот само ја зголемуваше предноста, која стигна до плус 28, 43:15.

Во второто полуфинале ќе играат Вардар и Гевгелија.