Металург во хумана мисија

Борче Јовановски е 16-годишно момче, кое боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија, и кое мора да оди на лекување во странство. Ракометниот клуб Металург, заедно со управата, со стручниот штаб и со ракометарите, дадоа безрезервна поддршка во собирањето на потребните средства.

Тимот од Автокоманда реши натпреварот меѓу Металург и РК Динамо Панчево од СЕХА Лигата, кој ќе се оддржи на 12 декември со почеток во 16:15 часот, да биде со хуманитарен карактер. Сите средства, собрани од продажбата на влезниците, ќе одат за оваа хумана цел.