Металург во домот на Вардар би можел да слави групна фаза во ЕХФ Купот!

Тимот на Металург, кој по елиминацијата на Бутел и Пелистер, остана единствен претставник на Македонија во Купот на ЕХФ, ќе стартува од третото квалификациско коло како носител. Металурзи ги прескокна првите две пречки и ќе имаат само една до пласманот во групната фаза, каде што би имале уште три ривали.

Салата во Автокоманда не ги задоволува критериумите за да биде домаќин на натпреварите од второто по ранг европско клупско натпреварување, па Металург мораше да побара друго решение. Раководството ја пријави салата „Јане Сандански“ како примарна, додека втора опција ќе биде досегашниот дом за европски натпревари, СЦ „Борис Трајковски“.

Словенчкиот Горење Велење е последната пречка, а натпреварите ќе се одиграат на 16 или 17 ноември во „Рдеча дворана“ во Велење, додека реваншот ќе биде во Скопје на 23 или 24 ноември во СЦ „Јане Сандански“.

Доколку Металург успее да обезбеди место во групата од ЕХФ Купот, домот на Вардар не само што ќе биде домаќин на екипи како Веспрем, Келце, Монпелје…туку и на силни екипи како Магдебург, Рајн Некар, Нант, Фуксе Берлин и други.