Место Романија, Лазовиќ налето се сели во Јужна Кореја

Екипата на СК Хавкс од Јужна Кореја следната година првпат ќе добие член од Европа, а тој ќе биде од семејството Лазовиќ. На тој начин некој што ги бранел боите на Вардар ќе заигра во шампионатот на оваа земја.

Се работи за сопругот на Барбара Лазовиќ, Вук, кој настапува на позицијата пивот, а тој ќе биде првиот странец во шампионатот на Јужна Кореја. Иако се очекуваше да потпише за некој тим од Романија за да биде поблизу до своето семејство, сепак, на крајот падна одлука да се најде во првенство во Азија откаде ја доби најдобрата понуда.

Вук Лазовиќ пред неколку сезони го носеше дресот на Вардар. Тоа се случи во сезоната 2012/2013. Претходно беше дел од Партизан, а после Вардар играше и за Црвена Звезда, Војводина, Нетелштат Либек и Дунареа. Роден е во Белград, но настапува за репрезентацијата на Црна Гора.