Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ годинава само со домашни екипи

Четири екипи од Македонија кои во новата сезона три ќе се натпреваруваат во Првата лига и една во Супер машката лига, в четврток и в петок следната недела ќе играат на турнирот кој се организира во чест на ракометната легенда од Прилеп, Миле Нешкоски.

Ова е продолжување на традицијата за организација на овој турнир во чест на прерано починатиот ракометар на прилепчани кој остави длабока трага со игрите за тимот од Прилеп.

Годинава за разлика од лани ќе играат само екипи од Македонија. Металург 2 е тимот кој лани финишираше како првопласиран во Првата лига и во новата сезона ќе игра во Супер машката лига. Другите тимови меѓу кои и домаќинот во новата сезона ќе бидат дел од Првата лига.

Средбите ќе се играат в четврток и в петок и за разлика од лани турнирот ќе биде одигран по лига систем. В четврток ќе има по два меча, а в петок по еден за секој од тимовите така што ќе има многу ракомет во салата „Ристе Ристески-Ричко“.

РАСПОРЕД ЗА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК, 29 АВГУСТ

11:00ч

ПРИЛЕП – ГРК ТИКВЕШ 2014

13:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – АЛУШОВСКИ

18:00ч

ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ 2

20:00ч

ГРК ТИКВЕШ 2014 – АЛУШОВСКИ

ПЕТОК, 30 АВГУСТ

17:00ч

ГРК ТИКВЕШ 2014 – МЕТАЛУРГ 2

19:00ч

ПРИЛЕП – АЛУШОВСКИ