МВП на 9. коло во Супер машката лига: Стефан Трајковски (Пролет)

Ракометарот кој настапува на позицијата лево крило во Пролет, Стефан Трајковски доби убедливо најмногу гласови од читателите на 24 Ракомет во изборот за ракометар за 9. колово Супер машката лига. Тој имаше 70 проценти од вкупниот број на гласови, па ги остави далеку зад себе своите конкуренти.

Трајковски дојдедо првото место во конкуренција на својот соиграч Мартин Манасков, како и Јагош Брауновиќ (Охрид), Иван Тасевски (Охрид), Ивица Илиев (Радовиш), Златко Мојсоски (Бутел Скопје) и Никола Ивановиќ (Еурофарм Работник).

И годинава 24 Ракомет ви овозможува со вашите гласови дагобирате најдобриот играч во секое коло. Веќе се избрани најдобрите водосегашните девет кола. Кои се играчите кои беа прогласени за најдобри можете да видите во продолжение.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ПО КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

2.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

3.КОЛО: Крсте Андоноски (Охрид)

4.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

5.КОЛО: Дарко Георгиевски (Охрид)

6.КОЛО: Бобан Блажески (Охрид)

7.КОЛО: Бојан Блажески (Бутел Скопје)

8.КОЛО: МиланПоповиќ (Пелистер)

9. КОЛО: СтефанТрајковски (Пролет).