МВП на 8. коло во Супер машката лига: Милан Поповиќ (Пелистер)

Левото крило на Пелистер, Милан Поповиќ после неколку номинации од стартот на сезоната во 8. коло доби најмногу гласови во анкетата за избор на најдобар ракометар во коло. Репрезентативецот на Црна Гора имаше огромна предност во однос на другите во поглед на процентите така што едноставно немаше конкуренција во 8. коло од Супер машката лига.

Тој победи во конкуренција на својот соиграч Огњен Лековиќ, како и на Никола Маркоски и Милан Ѓукиќ од Еурофарм Работник, Стефан Кимевски и Ласко Андоновски од Пролет и Јовица Младеновски од Бутел Скопје.

И годинава 24 Ракомет ви овозможува со вашите гласови да гобирате најдобриот играч во секое коло. Веќе се избрани најдобрите во досегашните осум кола. Кои се играчите кои беа прогласени за најдобри можете да видите во продолжение.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ПО КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

2.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

3.КОЛО: Крсте Андоноски (Охрид)

4.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

5.КОЛО: Дарко Георгиевски (Охрид)

6.КОЛО: Бобан Блажески (Охрид)

7.КОЛО: Бојан Блажески (Бутел Скопје)

8.КОЛО: Милан Поповиќ (Пелистер).