МВП на 7. коло во Супер машката лига: Бојан Блажески (Бутел Скопје)

Голманот на Бутел Скопје добрата игра на мечот против Вардар јуниор ја круниса и со признанието за играч на 7. коло во изборот на 24 Ракомет. Тој доби најмногу гласови од читателите на 24Ракомет, па се придружи на списокот на играчи кои биле прогласени за најдобри во претходните шест гола.

Блажески успеа дасе најде на врвот откако доби најмногу гласови во конкуренција на соиграчотМирко Мајиќ, двајцата играчи на Пелистер, Марко Кобетиќ и Реваз Чантурија,двајцата ракометари на Пролет, Мартин Манасков и Доне Мајнов и пивотот наЕурофарм Работник, Елмир Граџан.

И годинава 24 Ракомет ви овозможува со вашите гласови да го бирате најдобриот играч во секое коло. Веќе се избрани најдобрите во досегашните седум кола. Кои се играчите кои беа прогласени за најдобри можете да видите во продолжение.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ПО КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

2.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

3.КОЛО: Крсте Андоноски (Охрид)

4.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

5.КОЛО: Дарко Георгиевски (Охрид)

6. КОЛО: Бобан Блажески (Охрид)

7. КОЛО: Бојан Блажески (Бутел Скопје).