МВП на 16. коло во Супер машката лига: Бобан Блажески (Охрид)

Ракометарот на Охрид кој настапува на позицијата десно крило, Бобан Блажески вторпат сезонава е играч на колото. После 6.коло тој дојде до најмногу гласови и при гласањето за надобриот играч на 16. коло.

Блажески имаше одлична партија против тимот на Прилеп, па таа игра го вброи меѓу најдобрите за 16. коло од Супер машката лига, а неговите фанови кои се и читатели на 24 Ракомет му овозможија да биде убедливо на врвот после гласањето со 45 проценгти од вкупниот број на гласови.

Зад него остана уште еден ракометар со исто презиме. Голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески заврши со 23 проценти од гласови, додека потоа следуваа Милан Поповиќ (Пелистер,18%), Михаил Аларов (Пролет, 6%), Бобан Каковски (Еурофарм Работник, 5%), Марко Кобетиќ (Пелистер, 2%) и Александар Станојевиќ (Пелистер, 1%).

И годинава 24 Ракомет ви овозможува со вашите гласови да го бирате најдобриот играч во секое коло. Веќе се избрани најдобрите во досегашните 16 кола. Кои се играчите кои беа прогласени за најдобри можете да видите во продолжение.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ПО КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

2.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

3.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

4.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

5.КОЛО: Дарко Георгиевски (Охрид)

6.КОЛО: Бобан Блажески (Охрид)

7.КОЛО: Бојан Блажески (Бутел Скопје)

8.КОЛО: Милан Поповиќ (Пелистер)

9.КОЛО: Стефан Трајковски (Пролет)

10.КОЛО: Александар Тренчевски (Струга)

11.КОЛО: Давор Шокоски (Прилеп)

12.КОЛО: Александар Тренчевски (Струга)

13.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

14.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

15.КОЛО: Александар Тренчевски (Струга)

16.КОЛО: Бобан Блажески (Охрид).