Маџовски најде рецепт за голманот на Грција (ВИДЕО)

Македонија игра тежок натпревар против Грција и по лошиот старт сепак стигна до предност на полувремето. Најмногу проблеми ни создава противничкиот голман кој запре неколку зицери и собра вкупно осум интервенции во првиот дел.

На левата крилна позиција недостасува Манасков, но одлично го заменува Маџовски кој по две промашувања успеа да најде начин како да го погоди голот на грците. Во продолжение погледнете го мајсторскиот погодок од левата крилна позиција на Маџовски.