Маџовски за 24Ракомет ТВ: Беше тешко, но целта ја остваривме (ВИДЕО)

Македонија го победи јужниот сосед во последниот натпревар од кваликациите за пласман на Европското првенство во 2020 година и го обезбеди местото на нов континентален собир.

Левото крило Бојан Маџовски имаше значајна улога на последните две средби и вели дека и покрај осцилациите во играта, најважни се победите.

„Не го отворивме овој натпревар како што треба, лошо, иако имавме многу зицери. Тоа го поправивме во вториот дел. Беше тешко, но победа си  е победа.“, вели Маџовски за 24Ракомет ТВ,

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….