Мајсторија во АСОБАЛ: Ракометар на Сагунто изведе магија против Ристовски (ВИДЕО)

Ракометарот на Пуерто Сагунто, Јохан Боиседу изведе мала магија при шут на пенал на дуелот против Барселона, кој неговиот тим го загуби со 29:33.

300x250

Боиседу покажа дека има одличен зглоб и успеа вешто да го измами Борко Ристовски, а ова беше еден од поубаво изведените пенали виден во последно време на ракометните терени.

Со пеналот му искажа почит на својот идол Џексон Ричардсон, кој во минатото многупати знаеше на ваков начин да ги совлада противничките голмани.