Машкиот куп со битолска арбитажа во финалето

Три интернационални судиски двојки ќе бидат дел од завршниот турнир во Купот на Македонија во машка конкуренција.

Веќе е познато дека првото полуфинале меѓу Вардар и Пелистер го добија Металари и Николовски, додека во второто меѓу Е. Работник и Металург арбитражата ја добија Начевски и Николов.

Финалето без разлика кој ќе се најде во него ќе биде со судии од Битола, а тоа се Митревски и Тодоровски кои ќе можат на домашен терен да судат во еден финален дуел.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ

ПОЛУФИНАЛЕ

ПЕТОК, 18 МАЈ

16:30ч

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Младост“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегати: Душко Камишевски од Скопје и Благој Петров од Скопје.

19:15ч

Е. РАБОТНИК – МЕТАЛУРГ

Сала: „Младост“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегати: Ацо Николовски и Драги Папуџиев од Скопје.

САБОТА, 19 МАЈ

16:30ч

ФИНАЛЕ

Сала: „Младост“ во Битола. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегати: Камер Металари од Скопје и Јово Василев од Битола.