Марјан Колев ја води Ница кон полуфинале

Ракометарките на Ница на која седи тренерот од Македонија, Марјан Колев се на добар пат да се пласираат во полуфиналето од плеј-офот во првенството на Франција. Тоа ќе се знае на 20 април кога се игра реваншот против Нант, но имаат добар резултат од првата средба.

Ница на гостувањето кај Нант загуби со 22:23, но овој еден гол лесно може да се достигне на домашен терен со оглед на тоа што ракометарките на Колев имаат одлична сезона пред своја публика.

Составот на Ница играше одлично сезонава, па затоа се очекува од овој двобој да излезе како победник и да се пласира во следната рунда каде што би требало за ривал да го има составот на Мец.