Мартин Серафимов стана рекордер во СЕХА лигата!

Металург конечно ја забележа првата победа оваа сезона на официјален натпревар во сите конкуренции, откако славеше над словачкиот шампион Татран Прешов во седмото коло од регионалната СЕХА лига со 30-28.

Покрај победата, тимот од Автокоманда има уште една причина за задоволство. Младиот Мартин Серафимов на средбата со Татран постигна девет гола, сите од пенал без ниту едно промашување, со што стана рекордер на СЕХА и се израмни со Момир Илиќ, кој со Веспрем своевремено имаше вакво остварување.