Мартин Серафимов го потврди тимскиот дух: Не е важно кој колку гола дава, важно е да се победува

Македонија го забележа и вториот триумф на ЕХФ-шампионатот во Грузија и после 2. коло со по четири бода е на делба на првото место со Швајцарија, репрезентацијата со која ќе ги одмери силите во вторник.

Новиот триумф покажа дека Македонија има добар состав во кој се разиграа уште неколку ракометари и им дадоа поддршка на Серафимов и Костески кои беа одлични против Литванија вчера. Денеска Костески одново беше најдобар стрелец и постигна девет гола, додека Серафимов одигра умно и направи доволно простор за своите колеги.

„Ракометот е тимски спорт и главната цел е да се дојде до победата. Никогаш не е важно дали некој постигнал два, три, пет или десет гола. Тие голови на крајот, сепак, се бројат во вкупниот збир на тимот. Тоа е сè што е важно“, коментираше после натпреварот капитенот Серафимов што е само доказ за одличниот тимски дух во кадетската репрезентација.

Утре е ден за одмор во Тбилиси, а в понеделник од 11 часот, Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Фарските острови.