Мартин Поповски: Секој противник мораме да го сфатиме максимално сериозно

Вардар мораше да се испоти за да го совлада Металург на стартот од новата сезона, а Парондо мораше да ги користи речиси сите ракометари за да го скрши отпорот на противникот. Беше тешко во првите 40 минути, но потоа следуваше подобар ритам.

Мартин Поповски влезе во завршницата од средбата и имаше еден гол, па на крајот епилогот беше како што се очекуваше.

„Мораме да ги сфатиме противниците далеку посеризно дколку сакаме добри резултати. Ни треба многу време за да стинеме до посакуваното бидејќи имаме нов тренер и ќе ни биде потребно време за да стигнеме до она што го планираме“, изјави Поповски.

Со оглед на големиот број средби во иднина може да се очекува сите ракометари да добиваат шанса бидејќи ќе мора да се одработи колективно доколку се сака успех.