Марковски и Самбр Авенуа со убедлива гостинска победа

Тимот на Самбр Авенуа предводен од македонскиот стратег Иван Марковски, забележа убедлива победа на гостински терен со 30:37 кај составот на Јуц Хендбол, во натпревар од 7 коло на француската Втора Лига.

300x250

Со овие бодови, Самбр Авенуа се приближува кон водечките екипи на табелата и сега има 14 бодови и биланс од 3 победи, 1 реми и 3 порази. Следен предизвик за Марковски и неговата екипа ќе биде домашниот меч против Плен д Сукуе.