Марковски и Самбр Авенуа остануваат во трката по елитен ранг

Македонскиот стратег Иван Марковски и неговиот тим Самбр Авенуа забележаа победа во 10 коло од Втората лига во Франција. Самбр Авенуа иако губеше на полувреме, сепак во вториот дел направи пресврт и го победи Рошеј Перињи со 32:30.

300x250

Самбр Авенуа сега има 22 бодови и се наоѓа на 3 позиција на табелата, а пред клубот на Марковски, се наоѓаат Нуаси и Мерињак, со по 27 бодови.

До крајот на сезоната останува да се одиграат уште 12 кола пред да се дознаат патниците во најквалитетната француска конкуренција.