Марин Шего потпиша за Монпелје, доаѓаат и тројца ракометари од Барселона!

Се уште актуелниот европски шампион Монпелје, по промашената тековна сезона, во која би можел да остане и без пласман во елиминациската фаза од ЛШ е најактивен на трансфер пазарот.

На местото на голманот Венсан Жерар, кој се сели во ПСЖ, го ангажираше хрватскиот репрезентативец Марин Шего, кој потпиша тригодишен договор до 2022 година, иако во комбинациите се споменуваше Вардар.

Тој ќе брани во дуо со Швајцарецот Никола Портнер. Освен Шего, Монпелје ги договори и трансферите на тројцата ракометари од каталонскиот гигант Барселона.

Станува збор за пивотменот Камил Шипжак, десното крило Јанис Лене, како и левиот бек Жилберто Дуарте, кој по само една сезона си оди од Барса.