Марин Вегар: Да бевме комплетни овој меч ќе беше уште поубав

Екипата на Стеауа победи со 29:28 и успеа да одработи одлична средба во која поради намалениот ростер неколку играчи мораа да понесат голем товар.

Марин Вегар беше стрелец на пет погодоци и беше меѓу поефикансите на овој натпревар со што доминираше во нападот на Стеауа. После средбата го искажа своето видување за она што беше покажано.

„Жал ми е што не бевме комплетни бидејќи така оваа средба ќе беше сосема поинаква и ќе можевме да одработиме уште подобро. Овој натпревар не беше во вистинско време ниту за нас ниту за Металург. Сепак, победата ни дојде во добро време. Одиме понатаму во овој стил и сега можеме да се посветиме на домашното првенство каде не чекаат нови тешки средби. Му честитам на Металург за победата и му посакувам успех против Спортинг утревечер“, изјави Вегар после средбата на која Стеауа освои три важни бодови.