Манасков, Стоилов, Пешевски…со честитки за фудбалерите по триумфот над Словенија (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше над Словенија со 2-1 во седмото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Фантастичниот Елиф Елмас на два пати го погоди голот на гостинската репрезентација, а во последните моменти од мечот, Словенија само го намали резултат.

Дејан Манасков, Жарко Пешевски и Столе Стоилов веднаш по натпреварот се огласија на социјалните мрежи и им ја честитаа победата на фудбалерите…