Манасков „леташе“ во Веспрем (ВИДЕО)

Дејан Манасков и пред унгарската публика ги демонстира своите квалитети низ настапите за Веспрем во Лигата на шампионите. Тој на натпреварот со Киелце постигна 2 гола, а со еден од нив потсети на СП во Катар, каде во воздух прифати една топка и ја погоди противничката мрежа.

Европската ракометна федерација тој гол на Манасков го смести во ТОП 5 изборот на најдобри голови од 10 коло во ЛШ. Погледнете го голот на „летечкото“ крило…