Манасков и Талески играа, Рајн Некар победи убедливо

Тимот на македонските интернационалци Дејан Манасков и Филип Талески, славеше убедлива победа со 33:20 против Кобург, во натпревар од 26 коло во Бундес Лигата. Со оваа победа, „лавовите“ се на врвот, пред составот на Фленсбург. Талески иако имаше 3 обиди, не погоди ниту еднаш, додека Манасков реализираше 3 пати од 8 обиди.

Вецлар, каде игра Филип Миркуловски забележа минимална победа над составот на Лајпциг со 24:23. Македонскиот бек не постига погодок на овој дуел. Бергишер на Ацо Јоновски претходно загуби од Флеснбург со 32:25.