Манасков и Мојсовски повторно заиграа ракомет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред стартот на последниот натпревар од групната фаза на Струшкиот турнир меѓу Струга и Еурофарм Работник се одигра ревијален натпревар меѓу Ветераните на Македонија и Ветераните на Струга.

На отвореното игралиште продефилираа големи ракомени имиња – Наумче Мојсовски, Пепи Манасков, Сречко Ѓорѓиевски, Стевче Стефановски….

Одиграа два пати по 15 минути и на задоволство на многубројната публика на трибините покажаа дека не заборавиле да играат ракомет.

Ветерени на Струга: Каланоски, Баљукоски, Ликоски, Ќелешоски, Стериов, Србиноски, Јовчески, Ферукоски, Танески, Мојсовски, Миладиноски, Стојаноски, Милчин, Нацев, Угреновиќ

Ветерани на Македонија: Стефановски, Локвенец, Кузмановски, Бисинов, Брндевски, Ѓорѓиевски, Манасков, Ташковски, Николовски, Кузман, Георгиевски