Манасков и колегите одржаа посилен тренинг кај Комло

Вицешампионот на Унгарија, Веспрем имаше одлична можност да се подготви за реваншот во Лигата на шампионите против Спортинг откако на гостувањето кај тимот на Комло во првенството на Унгарија одигра убедливо и славеше со 31:17.

Дејан Манасков на овој натпревар беше реализатор на еден гол, но тоа не беше никаква пречка за да се оствари триумф со оглед на тоа дека ова не беше вистински предизвик за сите ракометари на Веспрем. Најефикасен беше Маргуч со десет гола, а другите имаа можност барем по еднаш да ја затресат мрежата на противникот.

Инаку, лидер во првенството на Унгарија и понатаму е Пик Сегед додека Веспрем е на 2. позиција што најавува нова битка меѓу овие два клуба за титулата.