Манасков и Веспрем ја преживеаја Татабања

Веспрем ја продолжи победничката серија во унгарскиот шампионат, откако славеше на гостувањето кај Татабања со 28:31. Покрај гостувањето во Сегед, ова кај Татабања требаше да биде едно од потешките, а така и беше.

По првиот дел Веспрем губеше со 16:15, но во второто полувреме работите дојдоа на свое место. Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков беше втор стрелец кај гостите и постигна 5 голови, а Момир Илиќ даде 6 погодоци.