Манасков и Веспрем ја отворија сезоната со убедлив триумф

Веспрем тргна со контролите за новата сезона, а првиот противник не беше никаков проблем за Дејан Манасков и колегите. Забележаа победа од 35:18 и покажаа дека сезонава ќе бидат далеку посилни и помотивирани за успех.

Манасков беше стрелец на два гола на дуелот против Балатонфуред, а минутажата на лево крило ја делеше со Штрлек кој летово пристигна од редовите на Келце.

За Веспрем денеска не настапи Штербик, но и без него Веспрем имаше доволно квалитет за убедлив триумф.