Манасков и Веспрем со рутински триумф над Егер

Откако останаа без победа во драматичен натпревар од Лигата на шампионите против Фленсбург, ракометарите на Веспрем им се вратија на обврските во унгарското првенство, каде што немаат конкуренција.

Момците на Љубомир Врањеш славеа на гостувањето кај Егер Естерхажи со 26:31, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше стрелец на 1 погодок. Најдобри стрелци беа Гајиќ со 8 и Тонесен со 6 голови. Следен предизвик за Веспрем ќе биде мечот против Целје во ЛШ.