Манасков и Веспрем паднаа и дома: Пик Сегед е нов шампион на Унгарија! (ВИДЕО)

Ракометарите на Пик Сегед по десетгодишна доминација успеаа да го симнат Веспрем од тронот на Унгарија. Ракометарите на шпанскиот стратег Пастор, одиграа одлична сезона и беа поуспешни во последнот двомеч со Веспрем.

Веспрем имаше натпревар на домашен терен на кој мораше да победи со четири голови разлика, откако на првиот натпревар во Сегед загуби со 32-28.

Пик Сегед имаше комплетна доминација и во целото прво полувреме на денешниот натпревар каде водеше и со +6, 4-10, а првото полувреме го заврши со водтсво од 14-17.

Веспрем на средината на вториот дел започна да ја игра својата препознатлива игра со која почна да ја топи предноста на ривалот. Веспрем работеше напорно да се врати во натпреварот а Дејан Манасков со својот четвртти погодок го донесе Веспрем во водство од 29-26. Се чинеше дека унгарскиот шампион има добитна ситуација и дека ќе успее да излезе како севкупен победник во оваа сезона. Сепак на крајот од натпреварот целата одговорност во екипата на Пик Сегед ја презема Бодо чиј погодок за 28-26 ги реши сите дилеми на натпреварот.

Со оваа севкупна победа, Пик Сегед ја прекина десетгодишната доминација на Веспрем во унгарскиот ракомет која трае од сезоната 2007/2008.  За ракометарите на Пастор ова е само трета шампионска титула во Унгарија, по титулите освоени во сезоната 1995/1996 и 2006/2007 година.