Манасков за 24 Ракомет ТВ: Имавме можеби и среќа, но и заслужено победивме (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, кој игра за Веспрем, Дејан Манасков настапи во првите 30 минути против Вардар и постигна два гола од четири удари. За него ова е прво гостување во Скопје откако почна интернационална кариера, па оттаму и ова беше посебен дуел.

„Ова е важна победа. Знаеме како е да се игра против Вардар во неговата сала. Имавме тешко отворање, па Вардар не казнуваше. Во вториот дел имавме можеби и среќа, но одигравме и одлично, па заслужено се радувавме“, изјави Манасков за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.