Манасков добива соиграч од Балканот: Ненадиќ потпиша за Веспрем

Српскиот репрезентативец Петар Ненадиќ ќе ја продолжи својата кариерата во унгарскиот шампион Веспрем. Средниот бек, кој повремено игра и на левата бековска позиција, потпиша договор до јуни 2020, па Дејан Манасков, ќе добие соиграч од балканските простори.

300x250

Тој ја започна кариерата во Црвена Ѕвезда и го освои српскиот шампионат два пати. Во 2007 година се сели во Асобал лигата, каде играше во Алгесирас и Барселона. По шпанската авантура беше дел од ПИК Сегед, од каде замина во ТВИС Холстебро.

Потоа играше и за полскиот вицепрвак Висла Плоцк две сезони, пред да следи можеби најуспешниот дел од кариерата како дел од Фуксе Берлин. Со овој тим ги освои ЕХФ Купот и Супер Глоуб во 2015 година. Со националниот тим на Србија беше сребрен во 2012 година.

Во унгарскиот состав би требало да ја има улогата на Арон Палмарсон, кој се пресели во Барселона.