Манасков веднаш ги освои унгарските симпатии: Потпиша за Веспрем до 2020 година!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, по едногодишните авантури во Македонија и Германија, во Вардар и Рајн Некар, се чини дека го пронајде вистинскиот тим за него. Летоска потпиша едногодишен договор со Веспрем, со важност до 2018, но левото крило по само една полусезона ги убеди Унгарците дека заслужува нов.

300x250

Манасков потпиша со 2020 година, а следната сезона веројатно ќе има конкуренција во името на Мануел Штрлек. Македонскиот репрезентативец игра одлично во Лигата на шампионите и во унгарскиот шампионат и ужива голема доверба од тренерот Љубомир Врањеш. Тој одигра 21 меч досега во сите конкуренции и постигна 64 голови.

Манасков веќе в понеделник треба да се приклучи на подоготовките на националниот тим во пресрет на Европското првенство, кое ќе се игра во Хрватска од 12 до 28 јануари, а Македонија е во група со Германија, Словенија и Црна Гора.