Манасков без гол, Веспрем и денеска со пораз

Екипата на Веспрем претрпе нов пораз на турнирот во Стразбур овој пат против Мешков Брест во битката за 3. позиција.

300x250

Белорусите славеа со 27:26 и на тој начин уште еднаш потврдија дека се во одлична форма. Знаеја како после вчерашната победа над Вардар сега да го надиграат и Веспрем.

Арпад Штербик денес имаше над 30 проценти одбрани, а запре десет удари на протовничките ракометари. Дејан Манасков имаше два неуспешни обиди и не можеше да му помогне на тимот за подобар резултат.