Малку историја: Како изгледаа претходните дуели на Вардар и Барселона (ФОТО)

Историјата на дуелите меѓу Барселона и Вардар датира уште од 2003 година. На 16 ноември Барселона првпат гостуваше во Скопје и тоа во СРЦ „Кале“ каде што дојде и следната година. Тоа беа првите два судири во Скопје, а и третиот беше одигран во истата сала.

300x250

На сите дуели во СРЦ „Кале“, Барселона славеше убедливо, а потоа во 2013 година дојде пресметка во „Борис Трајковски“ каде што беше приредено првото изненадување кога Вардар освои голем бод.

Петтото гостување дојде пред две години, овој пат во СЦ „Јане Сандански“ каде што Барса успеа да победи.

Единствената победа Вардар ја забележа во полуфиналето на минатата сезона во Келн, а последниот дуел во полуфиналето на Супер Глоуб го загуби во Катар.

ИСТОРИЈА НА ДУЕЛИТЕ МЕЃУ ВАРДАР И БАРСЕЛОНА

18.10.2003

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                41:19

Ромеро 7, Хернандез Касадо 6 – Алушовски 5, Јовиќ 4

16.11.2003

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                27:35

Стецјук 6, Атанасовски 5 – Жером Фернандез 6, Ромеро 6

09.10.2004

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР 31:22

Наѓ 7, Ривера  5 – Марковски 10, Митровиќ 6

06.11.2004

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                12:26

Кајганиќ 5, Митрицки 3 – Ромеро 8, Наѓ 5

11.11.2009

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 28:35

Ѓорѓевиќ 9, Пешиќ 4 – Хансен 8, Гарсија Лоренцана 7

21.11.2009

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР 35:28

Томас 8, Гарсија Лоренцана 6 – Пецаковски 6, Пешиќ 6

21.09.2013

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 29:29

Дибиров 8, Карачиќ 7 – Рутенка 8, Лазаров 4

30.11.2013

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                30:23

Лазаров 7, Карабатиќ 5 – Брумен 6, Дибиров 5

14.11.2015

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                31:30

Жалуз 12, Ентрериос 5 – Харбок 8, Брумен 4

22.11.2015

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                25:27

Харбок 5, Циндриќ 3 – Жалуз 8, Томас 7

03.06.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                26:25

Чупиќ 7, Душебаев 7 – Лазаров 6, Ривера 4

26.08.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                29:32

Циндриќ 7, Борозан 6 – Мем 6, Ентрериос 5