“Малите” германски клубови го имаат лекот за Кил (Видео)

На стартот на новата сезона во германската бундеслига сведоци сме на голем број на изненадувања, но најинтересно е тоа што тие изненадувања “малите” екипи ги прават токму над актуелниот шампион на Германија и вицепрвак на Европа, Кил. И ако поразот во првото коло на гостински терен против екипата на Лемго можеше да се оправда со недоволна мотивираност, почеток на сезона, и многу други оправдувања, вчерашниот пораз против Балинген 22-21, со сигурност го запали алармот во таборот на “зебрите”. Чудек тек има стартот на новата сезона за екипата на Кил. Тимот кој оваа година е засилен со најдобриот ракометар за 2013 година Домагој Дувњак, еден од најдобрите шпански ракометари Канељас, и уште неколку класа ракометари, и кој најавуваше дека ќе се прошета да европската титула оваа сезона, на стартот има забележано 2 победи и тоа над Европскиот првак Фленсбург, и екипата на Хамбургер, а доживеа изненадувачки порази од екипи против кои победата не би требала да биде доведена во прашање ( Лемго и Балинген). Престои многу работа за тренерот Гисласон и стручниот штаб да се детектира проблемот бидејки на овој начин не може да се стигне до зацртаната цел, а тоа се титули во сите натпреварувања.

БАЛИНГЕН 22 21 КИЛ (10:13)

Екипата на Кил до 41 минута имаше комплетна контрола на овој натпревар постојано водејки со 2 до 3 головио предност. Но при резултат од 13-16 за “зебрите” во 41 минута, Балинген успева да направи серија од високи 5-0 преземајки го водството на овој натпревар 18-16 (50 мин), и 19-17 (52 мин). Кил се врати во игра со нова серија од 3-0 за ново водство од 19-20 во 53 минута од натпреварот, но тоа беше се од германскиот шампион на овој натпревар. Балинген очигледно повеќе ја посакуваше победата пред своите фанови и со гол во последните секунди успеа да дојде до неа.

Њокас скок
фото: Пол Босенмаер

Најдобри поединци во екипата на Балинген беа Оливие Њокас со девет голови, а одличен на голот беше Мате Ашанин кој имаше клучни интервенции во одлучувачките моменти на натпреварот. Во екипата на Кил Вујин постигна пет голови, додека Шпренгер четири пати се запиша во листата на стрелците.

Погледнете ги најдобрите моменти од натпреварот