Мала утеха: Лакрабер е дел од „трите ѕвезди“ на Ф4 (ВИДЕО)

Француската репрезентативка во редовите на Вардар, Александра Лакрабер, сосема заслужено си најде место во изборот на „трите ѕвезди“ на Европската ракометна федерација од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Лакрабер имаше одлични настапи на двата дуели со ЧСМ Букурешт и со Ѓер и постигна вкупно 13 голови. Останатите две ракометарки кои се најдоа во овој избор се Нике Грот и Анита Горбич. Погледнете дел од головите на Лакрабер ТУКА