Макуцманија во Струга (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарот кој блесна на Ф4 турнирот во СЕХА во Скопје пред неколку месеци, Домен Макуц имаше свои моменти и на годинешното издание на Струшкиот турнир. Сепак, покрај тоа што беше одличен на теренот и ја однесе наградата за најдобар ракометар тој доби и друго признание.

300x250

Макуц доби признание и од публиката и стана нејзин миленик. На секој натпревар кога се најавуваше неговото име добиваше овации што само помогна и тој да биде уште подобар на теренот. Минатите пет дена владееше вистинска Макуцманија во Струга, а девојчињата после секој натпревар беа околу него.

Затоа и не зачудува што сите од екипата на Целје си заминуваат од Струга со големо задоволство. Особено Макуц ќе го памети овој турнир по добро, а како изгледаше да се биде Домен Макуц во Струга во минатите денови и што се случуваше можете да погледнете низ видео снимката во продолжение, но и низ фотографиите.

Едноставно тоа беа моменти за вистинско уживање и за Макуцманија која сигурно ќе продолжи и следното лето.

Многу девојчиња сакаа да се фотографираат со Домен Макуц