Максимумот на странци во Суперлига ќе биде осум, се размислува и за дополнително намалување

Бројот на странски ракометари кои ќе имаат право на настап на еден натпревар во Суперлигата во текот на следната сезона ќе биде осум.

Четири сезони по ред се намалуваше оваа бројка за еден, а оваа сезона ќе биде последна во редот. За дополнително намалување на квотата на странци, треба да се преговара дополнително на следната седница на Управниот Одбор на РФМ.

Од суперлигашите само Вардар и Пелистер оваа сезона ја имаа пополнето максималната квота на странци, но кај „црвено-црните“ дел од интернационалците имаат и македонски пасоши, па практично сите можеа да бидат во ростер на еден натпревар.