Македонци на отворањето: Начевски и Николов ќе го судат првиот натпревар на ЕП

Најдобрата македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, со секое ново големо натпреварување, само ја потврдуваат високата класа. Европската ракометна федерација им ја додели довербата и честа, да ја судат првата средба на ЕП во Хрватска.

Македонските арбитри ќе ја делат правдата на средбата од првото коло во групата А, меѓу селекциите на Шведска и на Исланд. Овој натпревар се игра во Сплит и ќе биде предигра за балканското „Ел Класико“, меѓу Хрватска и Србија, кое започнува од 20:30 часот.

На ЕП во Хрватска правдата ќе ја делат 12-ет двојки на судии:

– Андреј Гушко и Сергеј Репкин од Белорусија

– Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг од Германија

– Мартин Гјединг и Мадс Хансен од Данска

– Оскар Ралуј и Анхел Сабросо од Шпанија

– Вајдас Мажеика и Миндаугас Гателис од Литванија

– Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија

– Дуарте Сантос и Рикарду Фонсека од Португалија

– Евгениј Жотин и Николај Володков од Русија

– Сорин Лауренциу Дину и Константин Дин од Романија

– Стефан Пишон и Лоран Ревеје од Франција

– Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска

– Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка