Македонци главни на ЕХФ шампионатот во Бугарија

Судиската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски, како и делегатот Камер Металари ќе бидат актери на полуфиналните средби од ЕХФ шампионатот за младинки во бугарскиот град Варна.

Божиновски и Начевски ќе го судат дуелот меѓу Србија и Украина, додека Металари ќе биде делегат на полуфиналето меѓу Бугарија и Полска.

Покрај тоа ќе биде, Металари доби уште еден натпревар во текот на денешниот ден, па ќе биде делегат и на средбата меѓу Исланд и Финска.