Македонците газат во Романија

Сите романски екипи каде што настапуваат македонски интернационалци забележаа победи во 13 коло од шампионатот. Темишвар на Златко Даскаловски, кој имаше 12 одбрани и 4 пенали, славеше на домашен терен против Баја Маре со 26:19.

300x250

Одорхеи го сруши шампионот Динамо Букурешт и тоа на гости со 29:31, а Горан Кузмановски за победничкиот тим даде 1 гол. ЧСМ Букурешт со 5 голови на Гоце Георгиевски беше поуспешен од Дунареа Калараши со 36:29, додека Констанца на Никола Митревски и Велко Маркоски денеска игра против Стеауа Букурешт.