„Македонските“ екипи во Романија забележаа победи

Сите романски тимови во кои настапуваат македонски интернационалци забележаа победи во последното коло. Најпрво, Констанца по одличната партија на Никола Митревски и Велко Марковски победи на гости кај Васлуи со 25:28.

300x250

Гостинска победа славеше и Темишвар на Златко Даскаловски кај Фагараш со 21:23, додека ЧСМ Букурешт на Гоце Георгиевски победи исто така на гости кај Баја Маре со 21:28, а десното крило даде 2 гола. Одорхеи победи на домашен терен против Јаши со 39:20, а Горан Кузмановски беше стрелец на 2 гола.