Македонско дерби го отвора вториот ден на силниот турнир во Франција

Пред главната пресметка денеска на турнирот во Стразбург во која Вардар ќе игра против ПСЖ ќе има уште еден максимално важен натпревар за Македонија. На теренот од 18:15 часот ќе се најдат Дејан Манасков и Кире Лазаров кои ќе си ги одмерат силите во меч од вториот ден.

Нант за ривал ќе го има тимот на Веспрем и ова ќе биде шанса за прва победа откако тимот на Лазаров синоќа претрпе пораз од составот на Монпелје.

Екипата на Веспрем, пак, посакува сезонава да се врати на победничките патеки, а денеска ќе се види дали работите одат во вистински правец и дали ќе може да се направи она што се посакува. Нант е добар тест за Дејан Манасков и колегите, а засилениот Веспрем во кој дојдоа Штербик, Штрлек, Мацковшек… ќе бидат на потег.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК, 23 АВГУСТ

ПСЖ – Мешков Брест    35:29

Нант – Монпелје        27:31

ПЕТОК, 24 АВГУСТ

18:15ч

Нант – Веспрем

20:30ч

ПСЖ – Вардар

САБОТА, 25 АВГУСТ

18:15ч

Вардар – Мешков Брест

20:30ч

Монпелје – Веспрем